Каролина Гочева е родена на 28ми април 1980 година во Битола. Со музика почнува да се бави уште од детските години, а на македонската музичка сцена е позната од својата 11та година, кога за прв пат настапува на најпознатиот музички фестивал вомакедонија, Мак Фест.
Во 1992 година го издава својот прв носач на звук, тинејџерскиот албум, "Мамо пушти ме". Продолжува со настапи на фестивали надвор од Македонија и речиси од секој фестивал на кој настапува се враќа со награда. Најдраги и’ се наградите за интерпретација.

На 14 годишна возраст од страна на 12 Величенствени (македонски пандан на Grammy Awards) е прогласена за најдобар женски артист во Македонија.

Во 2000 година го потпишува својот прв професионален договор со музичко-продуцентската куќа Авалон Продукција и оттогаш нејзината кариера започнува да оди по нагорна линија.

Истата, 2000 година го издава својот прв албум, "Јас имам песна" кој наидува на одличен прием кај публиката и критичарите, што резултира со одличен тираж.
Јас имам песна е еден од трите најпродавани албуми во 2000 година во Македонија.
Поради забележителниот успех на овој албум во Македонија, издавачката куќа BK Sound од Србија и Црна Гора лиценцно го објавува "Јас имам песна" за тамошниот пазар. Во текот на летото 2000, Каролина неколку пати ја обиколува Македонија, настапувајќи во речиси сите градови.

Goto Top