ИНТЕРВЈУ: ВЕСТ
Ако не влезам во финале, ќе работам на брод

Пред пет години беше "Од нас зависи", а годинава "Мојот сон" е песната со која поп-sвездата Каролина Гочева по вторпат ќе ја претстави Македонија пред големото европско музичко семејство - Евровизија.

- Пред пет години рече: "Не да одам веќе, ќе оставам колегите да го почувствуваат тоа искуство". Сепак доби втора шанса. И што си посакуваш пред заспивање?
- Ако некој сака да се случи најдоброто во Хелсинки, тоа сум јас. Но нормално е дека има страв. Минатиот пат кога настапував немаше полуфинале, беше полесно. А сега треба да се обезбеди и пласман во финале. Оваа година е потешко и затоа што учествуваат 28 земји, а само 10 одат напред. Поради тоа ми е најмногу страв. Интензивно се работи на нашето што подобро претставување. Се уште не знам како ќе бидам облечена, но знам дека тоа ќе биде кусо здолниште.

- Што мислиш што ќе се случи ако не влеземе во финале?
- Ако не дај боже, не влеземе, нема да го сметам за неуспех, зашто премногу е тешка конкуренцијата. Но знам каква е реакцијата кај нас по секоја Евровизија. Што би правела? Што би рекол Дадо Топиќ - ако не влезам во финале, ќе одам да работам на брод. Ха, ха, ха.

Goto Top