ИНТЕРВЈУ: ЕКРАН +
Волшебната Каролина на насловната на бугарскиот "Макс"
Каролина Гочева беше дел од големото бугарско шоу "Пеј со мене". Стаса до финалето, но заврши како четврта што не беше пречка уредништвото на бугарското издание на списанието "Макс" да и посвети насловна страница во јунското издание и секако интервју. Неколку дена пред финалето на "Пеј со мене" Каролина решила да се разоткрие во смелата фотосесија затоа што решила токму преку ова списание да го започне претставувањерто пред бугарската публика.
"Ја гледавме кај Славеј Трифунов, сега во "Пеј со мене", ја гледаме по весниците... Но таква не сме ја виделе никогаш", вели во воведот новинарот на "Макс" и продолжува "Таа зрачи со нездрави дози на секс а всушност секогаш бегала од имиџот на "фатална жена".
За првпат од почетокот на "Пеј со мене" една странска звезда од учесниците - Каролина Гочева позира и говори во машко списание. Фотосесијата ја има направено Ангел Коцев, а интервјуто Мон Дијо.
Посекси од било кога, Каролина вели: "Сфатив дека сум убава кога пораснав. Пред да наполнам 21 година не користев шминка, освен на сцената". Преговорите помеѓу нејзините менаџери и бугарското издание на "Макс" траеле скоро еден месец и заради тоа уште на почетокот Каролина предупредила: "Не можам да бидам скандалозна личност. Кога снимам, секогаш гледам да бидам на работ".
"Макс" пак успева да ја открие, но и да ја претстави во вистинското светло како девојка и предизвикувачка жена, како вистинска дама која си ја знае цената.
- Еден од вашите албуми е наречен "Ми ја знаеш цената". Дали вие ја знаете вашата цена?
- Мислам дека секој си ја знае цената, но од друга страна себе и треба да се смета за бесценет.
- Засега се пазите од имиџот на фатална жена. Зошто?
- Затоа што не го носам во себе. Нема многу момчиња во мојот живот и не можам да бидам од оние што прават скандали. За мене е најважно да го чувствувам тоа што го правам.
- Мадона вели дека најубавото нешто што го носи славата се бесплатните алишта. Дали е тоа случај и со вас?
- Да, тоа не е лага. Тоа е навистина едно од најубавите нешта на славата. Имам добивано алишта од одредени компании и како подарок од луѓе. Но, да не заборавиме дека подароците на Мадона се од Донатела Версачи, на пример. А јас треба да си купам од Донатела ако сакам да ги носам нејзините фустани. Тоа е голема разлика.
- Официјално, дали си сама во моментов?
- Не. Официјално не сум. И неофицијално пак не сум. Си имам дечко којшто живее во Македонија.
- Опишете го.
Не е јавна личност и немам намери да го вадам од неговата анонимност.
- Тогаш, можам ли јас да го опишам?
- Да.
- Висок со гола глава и очила?
- Не, немам врска со него...
- Прочитав доста нешта за вашата врска со Славеј Трифунов, каква е вашата верзија за вашата релација?
- Вистина е дека сме пријатели. Таа афера се рашири многу бргу и туѓа ми е. Чудна, нема вистина во неа.
- Само пријатели! Мислите ли дека некој ќе ви верува?
- Ако сакаат нека ми веруваат, јас ја зборувам вистината. Никогаш не сум криела ако имам врска со некого. Јас сум многу отворена кога станува збор за мојот приватен живот. Особено ако имам момче.
- Изгледате доста смирена. Дали некогаш сте имале проблеми со законот?
- Не.
- И никогаш не ве казниле за пребрзо возење?
- Во Македонија ме пуштаат. Но пред еден месец ме казнија во Софија со 100 лева затоа што наместо 50, колку што беше дозволено, јас возев 80.
- Е, значи си имате свои гревови. Интересно ми е како би си го замислиле животот ако не се родевте во Македонија?
- Е, можеби немаше да се родам како човек туку како пеперутка или нешто друго.
- Многу ме интересира како се гледате по 10 години?
- Би сакала да имам две деца, да бидам мажена и во брак веќе осум години.